Граѓани на Косово со петиција сакаат да го вратат Вулин

Од:

Жителите на северниот дел на Косовска Митровица и останатите општини на север на Косово, денес започнаа потпишување на петиција, со која бараат Александар Вулин да се врати на местото директор на Канцеларијата за Косово и Метохија.

Меѓу првите кои ја потпишаа петицијата беше заменикот на Вулин, Крстимир Пантиќ.

Петиција потпишуваат и Србите во Звечан, Лепосавиќ и Зубин Поток, а истото го направија и жителите на Ораховец.

Вулин минатиот вторник најави дека ќе поднесе оставка на местото директор на Канцеларијата за Косово и Метохија, а во среда и официјално упати оставка до Владата на Србија.

Во образложение на оставката, Вулин изјави дека во Брисел бил против договорот и дека смета дека е логично да ги сноси консеквенците за своите политички ставови.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Припадничка на косовската полиција е пронајдена мртва во куќа во Гњилане

Непознати лица упаднале и напишале графити во црквата Света Троица кај Пеќ

Приштина тврди дека Србите не ја искористиле можноста да гласаат на референдумот

Во Косово приведен македонски државјанин по кого е распишана меѓународна потерница заради тешко убиство

Орце Костов

Македонија ќе поддржи резолуција за геноцид во Сребреница

Орце Костов

Германија испраќа дополнителни војници во Косово

Горан Наумовски