Градоначалникот на Загреб ги отфрли обвиненијата за злоупотреба на функцијата

Од:

Градоначалникот на Загреб, Милан Бандиќ, за време на распитот пред иследниците од хрватската служба за сериозен корупциски криминал УСКОК, ги отфрлил сите обвиненија за учество во корупциски зделки, јави Хина.

Бандиќ доцна синоќа беше сослушан во просториите на службата, по што беше вратен во истражниот затвор.

Адвокатот на Бандиќ изјави дека неговиот клиент ги отфрлил сите обвиненија.

Градоначалникот на Загреб беше уапсен во неделата заедно со извршниот директор на „Загребски холдинг“, Слободан Љубичиќ, сопственикот на компанијата за индустриски отпад ЦИОС, Петар Припуз, и 16 други лица под сомнеж за извршени серија кривични дела поврзани со злоупотреби на буџетот на хрватскиот главен град.

Според полициски извори, апсењата биле извршени по неколкумесечна истрага за злоупотреби во градската управа и „Загребски холдинг“.

Уапсените лица се осомнилени за серија кривични дела, поврзани со корупција, злоупотреба на службената положба и трговија со влијание.

Би можело да ве интересира

Хрватска доби нова влада, Пленковиќ по трет пат стана премиер

Несреќа во Хрватска, загинаа четворица мигранти

Горан Наумовски

ВИДЕО: Над 20 бродови изгореа во големиот пожар во пристаништето Медулин

Во каменолом во Хрватска несреќно загина работник

19 ранети граѓани на Украинa пристигнаа на лекување во Хрватска со авион

(ВИДЕО) Фантастично: Хрватската песна на Евросонг со знаковен јазик