Градоначалникот на Србица уапсен по бегството од болница

Од:

Градоначалникот на Србица, Сами Љуштаку, кој е осуден поради воени злосторства против цивили на Косово е уапсен во Приштина, откако ја напуштил болницата, во која привремено беше на лекување, пишува денеска весникот „Коха диторе“.

Полицијата на Еулекс, која веќе неколку месеци го контролира неговото движење, вчера го уапси Љуштаку надвор од болницата, а полицајците, кои стражареле пред вратата на неговата болничка соба тврдат дека ништо не виделе, пишува приштинскиот весник.

– Околу 14 часот стражарите ја информирале службата дека не можат да го најдат Љуштаку. Службениците контактирале со Еулекс, чии припадници изјавиле дека тие го уапсиле, изјави извор за „Коха диторе“.

Љуштаку по апсењето е одведен во Основиот суд во северна Косовска Митровица по барање на Обвинителството.

Љуштаку како член на Дреничката група е осуден на 12 години затвор поради воени злосторства.

Би можело да ве интересира

Ховениер: Косово да ги исполни сите свои обврски

Инцидент во Косовска Митровица, двајца прободени со нож по финален натпревар

Пеќ: Ранети се три лица, по напаѓачот е распишана потерница

Горан Наумовски

Припадничка на косовската полиција е пронајдена мртва во куќа во Гњилане

Непознати лица упаднале и напишале графити во црквата Света Троица кај Пеќ

Приштина тврди дека Србите не ја искористиле можноста да гласаат на референдумот