Градоначалникот на Истанбул подготвен за измени на проектот за реконструкција на Таксим

Од:

Градоначалникот на Истанбул подготвен за измени Градоначалникот на Истанбул Кадирт Топбаш изрази подготвеност денеска да се откаже од некои делови од проектот за реконструкција на плоштадот Таксим, кој беше повод за почеток на протестите против премиерот Реџеп Таип Ердоган.

Топбаш изјави дека постои можност да се откаже од изградбата на трговскиот центар, хотелот, станбената зграда, а да се изгради на пример општински музеј или изложбен центар. Тој додаде дека сите можности ќе бидат разгледани со архитектите.

Градоначалникот сепак напомена дека властите не се откажуваат од обновувањето на поранешната османска касарна на локација во паркот Гези, која беше разурната во 1940 година.

– Проектот за обновување на касарната е дел од нашите изборни ветувања и народот не ополномошти да ги спроведеме, додаде Топбаш.

Проектот за реконструкција на плоштадот Таксим предвидува уништување на паркот Гези и на 600-те дрвја во него, со цел да биде обновена османската касарна. Властите ја споменаа можноста таму да се изгради и трговски центар или станбена зграда.на проектот за реконструкција на Таксим

Би можело да ве интересира

Спасени сите кои беа заробени на жичарницата во Анталија

А1он

На протестите во Турција загина маж, четири лица се повредени

Откриена причината за пожарот во ноќен клуб во Истанбул во кој загинаа 29 лица

(ВИДЕО) Голем пожар во Истанбул, најмалку 15 загинати

Горан Наумовски

ЕУ воведе забрана за летови на турската „Саутвинд Ерлајнс“ поради врски со Русија

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Опозицијата во Истанбул со „Јутро је“ ја славеше победата на изборите

Горан Наумовски