Градоначалничката на Софија нареди да се прекине церемонијата во спомен на генерал Луков

Од:

Во Софија вечерва почна церемонија во спомен на генерал Христо Луков, позната како Луковмарш, организиран од Бугарскиот национален сојуз, јави дописникот на МИА од Софија.

Но, маршот набрзо беше прекинат по наредна на градоначалничката на Софија, Јорданка Фандакова.

Полицијата ги подели учесниците на настанот во три групи, кои ќе бидат спроведени до куќата на Луков. Засега нема тензии, но засилено е полициското присуство во центарот на Софија.

Луковмарш се одржува по неколку години откако беше суспендирана наредната на Општина Софија за забрана на маршот.

Претходно, противници на маршот одржаа демонстрации под мотото „Без нацисти на улиците!“.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Бугарија повторно има преодна влада, на избори оди на 9 јуни

Романија и Бугарија делумно влегоа во Шенген зоната

Нов земјотрес ја стресе Бугарија

Бугарија оди на нови избори

Во Бугарија не е постигнат договор за нова влада

Почина бугарскиот патријарх Неофит