Грабар-Китаровиќ: Времето за избор на нова Влада истекува

Од:

Хрватската претседателка Колинда Грабар-Китаровиќ најави дека за следниот вторник закажала нова, четврта, рунда консултации со лидерите на парламентарните партии и независните пратеници во Хрватскиот сабор, околу изборот на мандатар за состав на новата Влада на Хрватска.

– Времето за избор на нова Влада истекува. Нема да дозволам никакви одолговлекувања кои би предизвикале несогледливи негативни последици по стабилноста на земјата. Затоа ќе одржам нова рунда консултации на 22 декември во претпладневите часови, изјави синоќа Грабар-Китаровиќ во своето обраќање до нацијата.

Како што јави Хина, хрватската претседателка изминативе два дена одржа серија консултации со парламентарните партии, но и со правни експерти, посветени на постигнување договор за формирање парламентарно мнозинство за избор на нова Влада, кои не вродија со плод.

Грабар-Китаровиќ во обраќањето нагласи нејзина надлежност како претседател е да ги штити Уставот и демократските вредности, па затоа нема „да нема никому да дозволи да се игра игри со државата“.

Таа информира дека во понеделниот организрала средба на лидерите на двата најголеми коалициски блокови – Татковинската колаиција и Хрватска расте, во обид да ги приближат своите ставови околу формирањето на новата Влада.

– За жал, по се изгледа, нема можност за договор и за единство кое сега ни е толку многу потребно, потенцира Грабар-Китаровиќ.

Според неа, единството не претставува „политичко едноумие, тука само ќе покаже дека најголемите блокови имаат се доволно одговорни за да ги надминат меѓусебните разлики во интерес на државата“.

– На Хрватска и е потребна одговорност, умерност и здрав разум, истакна Грабар-Китраовиќ, изразувајќи надеж дека во следниве денови ќе биде постигнат договор за формирање влада.

Би можело да ве интересира

Убиен работник од Украина во Славонски Брод

Горан Наумовски

Земјотрес во Риека: Се тресеше тлото во Хрватска

Горан Наумовски

Германските медиуми за изборите во Хрватска: Најверојатно ќе започне фаза на нестабилност

Отворени избирачки места на парламентарните избори во Хрватска

Невреме ја зафати Хрватска, метеоролошкиот аларм е на сила за целата земја

Горан Наумовски

Вучиќ: Недозволиво, ќе го гониме напаѓачите на хрватските новинари