Грабар-Китаровиќ: Разочарана сум што не е постигнат напредок со Србија за исчезнатите лица

Од:

Хрватската претседателка Колинда Грабар-Китаровиќ изјави дека е разочарана што не е постигнат напредок во разговорите со Србија за решавање на проблемот со исчезнатите лица, како и дека од тоа зависи нејзината официјална посета на Србија.

– Не знам како се чувствува господинот Вучиќ, но јас се чувствувам разочарано што не е постигнат напредок во решавањето на прашањето за исчезнатите лица. Нашите пратеници Ивица Вркиќ и Веран Матиќ особено се трудат. Се надевам дека нивните напори ќе вродат со плод, но за тоа е потребна и соработка од институциите, изјави Грабар – Китаровиќ во интервју за „Сплитска Далмација“.

Таа додава дека сака „значаен напредок“ во пронаоѓањето на исчезнатите лица пред каква било службена посета на Србија.

– Чувствувам голема одговорност кон нивните семејства, ќе направам се што е во моја моќ за пронаоѓање на исчезнатите, рече хрватската претседателка.

Таа го повика Вучиќ да ја посети Хрватска за, како што рече, да тргнат кон решавање на отворените прашања.

Би можело да ве интересира

Убиен работник од Украина во Славонски Брод

Горан Наумовски

Земјотрес во Србија

Земјотрес во Риека: Се тресеше тлото во Хрватска

Горан Наумовски

Земјотрес кај Чачак

Австриските власти го екстрадираат во Србија осомничениот за убиството на Нусрет Дестановиќ

Германските медиуми за изборите во Хрватска: Најверојатно ќе започне фаза на нестабилност