Грабар-Китаровиќ под истрага за злоупотреба на службената положба

Од:

Хрватската Комисија за утврдување на судир на интереси започна истрага против претседателката на Хрватска, Колинда Грабар-Китаровиќ под сомнеж за злоупотреба на службената положба, јави телевизијата Н1.

Комисијата ја сомничи Грабар-Китаровиќ дека непотрошената сума од средствата за нејзината предизборна кампања што ги добила од државниот буџет, ги префрлила на сметка на нејзината Хрватска демократска заедница (ХДЗ).

Со ваквата постапка, според Комисијата,  Грабар-Китаровиќ го прекршила принципот за неутрелност и непристрасност на шефот на дравата,

Покрај ова, претседателката се товари и дека давала инструкции на ХДЗ за тоа кому и колку од овие средства да бидат поделени, со што според Комисијата, таа „остава впечаток на поврзаност на шефот на државата со една политичка партија“.

Хрватскиот весник „Нови Лист“ наведува дека станува збор за сума од вкупно 1.167.573,5 куни, односно 15.573,4 евра.

Коментирајќи ја ваквата иницијатива, Грабар-Китаровиќ нагласи дека работа на Комисијата е да ги проверува можните случаи на судир на интереси, а дека истрагите за злоупотреба на службената положба не се во нејзина наделжност.

– Со ваквата одлука Комисијата ги надмина своите надлежности и навлегува во сферата на политичка арбитража, се наведува во соопштението на Кабинетот на хрватската претседателка.

Би можело да ве интересира

Хрватска доби нова влада, Пленковиќ по трет пат стана премиер

Несреќа во Хрватска, загинаа четворица мигранти

Горан Наумовски

ВИДЕО: Над 20 бродови изгореа во големиот пожар во пристаништето Медулин

Во каменолом во Хрватска несреќно загина работник

19 ранети граѓани на Украинa пристигнаа на лекување во Хрватска со авион

(ВИДЕО) Фантастично: Хрватската песна на Евросонг со знаковен јазик