Голоб предупреди на „информациска војна“ на Москва на Балканот

Од:

Словенечкиот премиер Роберт Голоб, во врска со руското влијание на Балканот, предупреди дека земјите од регионот мора „да смислат планови“ за да се спротивстават на очигледното руско влијание врз тамошната јавност и на „информациската војна“ што доаѓа од Москва.

dobivaj vesti na viber

Во интервју за британски Би-Би-Си, Голоб, на маргините на вчерашниот самит на НАТО во Мадрид, рече дека „делови од локалното население се за позициите на Москва и затоа треба да работиме со владите на Балканот за да ги доближиме до европската позиција“.

„Но, мораме да ја земеме предвид наклонетоста на населението кон Русија, да не ја игнорираме, па да најдеме дури и кревка рамнотежа“, предупреди словенечкиот премиер.

Како што пренесуваат словенечките медиуми, тој предупредил и за грешките од минатото во односот на Западот со Русија, од кои, како што додаде, треба да се извлечат поуки.

„Настаните во Украина можеби ќе се одвиваа поинаку доколку НАТО во односот кон неа постапуваше како и кон Кина. Ова е лекција од која мораме да учиме“, рече словенечкиот премиер,

Во разговорите за словенечките медиуми за време на самитот, Голоб најави забрзување на напорите Словенија да ја постигне целта што поскоро да го зголеми финансирањето на својата војска на 2 отсто од БДП, според договорите во НАТО алијансата и изјави дека неговата влада би го променила претходниот план за да го постигне тоа до 2030 година.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Се помалку Руси ја поддржуваат војната

Горан Наумовски

Москва за откажување на нуклеарните преговори со САД: Немавме друг избор

Разузнавачките агенции на САД и на Русија разговараат за нуклеарните ризици

А1он

Опсадна состојба во Москва, сѐ е подготвено за државен удар? Протече таен документ

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Расте бројот на загинати во Москва

Горан Наумовски

Мобилизиран Русин исчезна на крстосувачот Москва, aрмијата нема информации половина година

А1он