Голема акција на турската полиција против дилери на синтетички дроги

Од:

Тимови на Дирекцијата за безбедност (полиција) во Истанбул преземаа масовна операција против дилери на наркотикот, што меѓу корисниците е познат по името Бонсаи.

Во рамки на акцијата беа блокирани повеќе улици во квартовите Кумкапи и Карагумрук, каде се тврди дека стоката се пласира од дилерите.

Полицијата врши претреси на различни домашни адреси и канцеларии.

Во акцијата учествуваат над 1.000 полицајци. Вклучени се, исто така, и специјално обучени кучиња, а хеликоптери им даваат помош на полициските тимови од воздух.

Во последните недели ова е трета акција на полицијата против шверцерите на наркотици. Првата беше во комплексот Башакшехир, по што следеа акциите и во редица други места низ градот. Има многу уапсени. При претресите полицајците откриле нелегално оружје и наркотици.

Пред извесно време од дрогата Бонсаи почина едно момче. Жителите на квартот во кој живеело момчето организираа протест протест против дилерите на оваа синтетичка дрога.

Би можело да ве интересира

Спасени сите кои беа заробени на жичарницата во Анталија

А1он

На протестите во Турција загина маж, четири лица се повредени

Откриена причината за пожарот во ноќен клуб во Истанбул во кој загинаа 29 лица

(ВИДЕО) Голем пожар во Истанбул, најмалку 15 загинати

Горан Наумовски

ЕУ воведе забрана за летови на турската „Саутвинд Ерлајнс“ поради врски со Русија

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Опозицијата во Истанбул со „Јутро је“ ја славеше победата на изборите

Горан Наумовски