Според последните податоци, забележани се нови 752 новозаразени со коронавирус во Србија.
Четири лица починале.
Во моментов во болниците во Србија има 703 пациенти со потврден коронавирус, од кои 15 се на апарати за дишење.
Зголемувањето на бројот на новозаразени лица во моментов не е изненадувачки, имајќи го предвид враќањето на голем број српски туристи од земјите каде што ситуацијата со епидемијата е многу полоша, велат српките експерти и апелираат до граѓаните да се вакцинираат, особено здравствените работници за кои веруваат дека вакцинацијата треба да биде задолжителна.
Полемиките за почетокот на учебната година се исто така актуелни, а надлежните веќе неколку дена упатуваат пораки дека ќе започне нормално и дека ова е нешто на што треба да се инсистира бидејќи е можно да се контролираат и спроведат заштитни мерки во училиштата.
-Нема дилема, здравствените работници мора да бидат вакцинирани, сите оние кои доаѓаат во контакт со пациентите, изјави за РТС епидемиологот Бранислав Тиодоровиќ.
Тој додаде дека иако многумина не се согласуваат, судејќи по се, најголем број пациенти доаѓаат од жариштето – Грција и Хрватска и поради непочитување на мерките, и затоа е потребна поригорозна контрола.
Тој додава дека секој сака редовно да започнува учебната година.
„Не можеме да извршиме притисок врз децата на возраст од 12 години да се вакцинираат без задоволителни резултати кај возрасните“, истакна епидемиологот.