Голем шумски пожар на Пелопонез, евакуирани населби и детски камп

Од:

Детски камп и три населби во областа Коринт на Пелопонез, се евакуирани, поради големиот шумски пожар, кој поради силниот ветер брзо се прошири и се доближи до населените места, јави дописничката на МИА од Атина.

Градоначалникот на Коринт Василис Нанопулос, за грчката новинска агенција АНА-МПА вели дека со автобуси и сопствени возила биле евакуирани жителите на населбите, како и децата сместени во кампот, иако не бил под директна закана од пожарот.

За Коринт, итно замина заменик-министерот за цивилна заштита Никос Хардаљас, а заедно со пожарникарите е и началникот на Противпожарната служба.

Противпожарните сили што се справуваат со огнените јазици двојно се зголемени и интервенираат вкупно 77 пожарникари со 26 возила, четири пешадиски тима, два авиони и пет хеликоптери, како и цистерни од општината.

Во Грција активни се уште два шумски пожари, едниот исто така на Пелопонез каде што во гаснењето учествуваат 37 пожарникари со 13 возила, еден пешадиски тим, три хеликоптери и четири авиони, додека пак другиот е на островот Лезбос, каде што противпожарната служба од вчера се обидува да го изгаси.

Би можело да ве интересира

Гужва за влез во Грција: На Богородица се чека по еден час

А1он

Двајца Македонци осудени на по пет години затвор во Грција, внесувале фалсификувани лични документи

Грција воведува шестдневна работна недела

ВИДЕО: Уапсени двајца Срби, поранешни членови на „Пинк Пантер“ – оргабувале златарници во Атина

Земјотрес го погоди денеска грчкиот остров Самос

Преспанскиот договор оспорен во предизборието, анализира грчки Катимерини

Александар Тодески