Глигоров: Србија е можно да ги заврши преговорите со ЕУ до 2018

Од:

Експертот на Виенскиот економски институт Владимир Глигоров смета дека е можно Србија да ги заврши преговорите со ЕУ до 2018 година, но укажува дека процесот се променил и оти сега на почетокот се потешки поглавја што може да го забави напредокот, јави Танјуг.

Тој рече дека е можно да се завршат преговорите за пет години и оти тоа е брзина со која тој процес се одвивал во најголем број случаи.

– Бидејќи преговорите почнаа, можно е да завршат до 2018, иако е веројатно дека малку подолго ќе траат, бидејќи процесот се променил. Сега преговорите почнуваат со потешки поглавја, така што самиот почеток се продолжува, рече Глигоров.

Тој потсети дека по завршувањето на преговорите, процесот на ратификација и евентуално исполнување на дополнителни услови трае околу две години по што следи прием во членство.

Би можело да ве интересира

Чувари и доктор од затвор во Србија се уапсени за смрт на затвореник

Горан Наумовски

Шефот на дипломатијата на ЕУ ја предупреди Србија

Србија го доби најмодерниот воз во Европа: Од Белград до Будимпешта за помалку од три часа

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Силно невреме со град ги зафати Босна и Србија

Влатко Стефановски на 6 јули со концепт во Ниш ќе го прослави 50-годишниот јубилеј на сцената

Силно невреме во Белград, паѓа град со големина на орев, дождот ги поплави улиците

A1on