Гласањето за новата косовска влада одложено за денеска

Од:

По неколкучасовна работа, косовскиот Парламент синоќа одлучи да го одложи гласањето за новата влада за денеска во 12 часот.

Причина неприсуството на пратениците од Листа српска, кои иако учествуваа на конститутивната седница на парламентот, поради незадоволство од преговорите и предложените министерски позиции во новата влада, ги прекина преговорите со колициооните партии ДСК и ДПК и решија да не учествуваат на седницата за избор на новата влада.

И по паузата од повеќе од половина час, Листа српска не ја убедија да влезе во собраниската сала.

Според Уставот на Косово при гласањето на Владата во собраниската сала треба да бидат сите партии, зашто во спротивно би било кршење на Уставот.

Претходно мандатарот за нова влада и лидер на Демократскиот сојуз на Косово, Иса Мустафа поднесе експозе, во кое ги посочи главните приоритети.

– Во наредните четири години коалицијата ДС-ДП заедно со немнозинските етнички заедници, ќе работиме многу за зацврстување и спроведување на редот и законите, за економскиот развој на земјата и благосостојбата на граѓаните. Максимално ќе се ангажираме за отворање што поголем број нови работни места. Ќе се залагаме за добрососедство и рецвипрочен дијалог со соседите за зацврстување на мирот. Ќе го продолќиме дијалогот со Србија, спроведувањето на договорите постигнати во Брисел и постигнување нови договори, -рече меѓу другото Мустафа.

Според Мустафа приоритет на Владата ќе биде и бескомпромисната борба против организираниот криминал и корупцијата,како и сите видови екстремизам кои се опасност за земјата.

По експозето на Мустафа, следуваа низа дискусии во кои доминираа опозициските пратеници со обвинувања и критики на адреса на Мустафа и на Тачи, потсетувајќи ги како меѓусебно се критикувале. За лидерот на алијасата за индината на Косово, Рамуш Харадинај кој повеќе месеци се гледаше како иден премир, оваа влада е спој на „лошото и неспособноста“.

Иако владата не е изгласана прв се избрза изборот за премиер на Мустафа да му го честита албанскиот премиер Еди Рама. 

Би можело да ве интересира

Припадничка на косовската полиција е пронајдена мртва во куќа во Гњилане

Непознати лица упаднале и напишале графити во црквата Света Троица кај Пеќ

Приштина тврди дека Србите не ја искористиле можноста да гласаат на референдумот

Во Косово приведен македонски државјанин по кого е распишана меѓународна потерница заради тешко убиство

Орце Костов

Македонија ќе поддржи резолуција за геноцид во Сребреница

Орце Костов

Германија испраќа дополнителни војници во Косово

Горан Наумовски