Гласачките места во Црна Гора затворени во 20 часот, излезноста е рекордно ниска

Од:

Избирачките места во Црна Гора за вонредните парламентарни избори денеска беа затворени во 20 часот, а првите привремени резултати се очекуваат по 21 часот.

Според податоците на Мониторинг центарот (ЦЕМИ), до 19 часот излезноста била околу 55 отсто, што е историски најмала излезност на парламентарните избори во Црна Гора од воведувањето на повеќепартискиот систем во таа земја.

На изборите во 2020 година, кога тогашната опозиција ја победи Демократската партија на социјалистот Мило Ѓукановиќ за прв пат по три децении, излезноста беше речиси 78 проценти.

Би можело да ве интересира

Полициска рација во просториите на црногорската Агенција за сузбивање на корупцијата

Инцидент во Бар: Со нож го нападнал сопствениот брат, уапсен е за обид за убиство

Во престрелка во Црна Гора е убиен 29-годишен маж

Горан Наумовски

По силниот, уште два помали земјотреси ја погодија Црна Гора: „Силно се почувствува во Никшиќ“

Горан Наумовски

Силен земјотрес во Црна Гора

Нов земјотрес e регистриран во Црна Гора