Ѓуровиќ избрана за претседателка на Парламентот на Црна Гора

Од:

Данијела Ѓуровиќ, пратеничка на Социјалистичката народна партија, денеска е избрана за претседателка на Парламентот на Црна Гора.

По изборот, Ѓуровиќ положи заклетва.

На денешната седница треба да се избере нова малцинска влада на предлог на мандатарот Дритан Абазовиќ. Новата влада, како што е предложена, ќе има 18 ресори, четворица вицепремиери и двајца министри без ресор.

На седницата не присуствуваат пратениците на Демократите, Демократскиот фронт, Обединета и Десницата на Црна Гора.

На почетокот на февруари црногорскиот Парламент изгласа недоверба на владата на премиерот во заминување Здравко Кривокапиќ.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Полициска рација во просториите на црногорската Агенција за сузбивање на корупцијата

Инцидент во Бар: Со нож го нападнал сопствениот брат, уапсен е за обид за убиство

Во престрелка во Црна Гора е убиен 29-годишен маж

Горан Наумовски

По силниот, уште два помали земјотреси ја погодија Црна Гора: „Силно се почувствува во Никшиќ“

Горан Наумовски

Силен земјотрес во Црна Гора

Нов земјотрес e регистриран во Црна Гора