Ѓуриќ го поддржува бојкотот на „Листа српска“ во косовскиот Парламент

Од:

Директорот на Канцеларијата за Косово и Метохија во Владата на Србија, Марко Ѓуриќ на средбата што вчера ја остварил со политичките претставници на косовските Срби, изјавил дека претставниците на Србите во овој миг со замрзнување на учеството во работата на Владата и Парламентот на Косово ја донеле единствената можна одлука.

– Обидот да се конфискува „Трепча“ нема да се случи. Постигнат е договор дека само со добро организирана заедничка акција на Република Србија и претставниците на Србите во привремените административни институции во Приштина, во оваа ситуација може да ги заштитиме државните и националните интереси на Србите, пренесува порталот Албеу.

На средбата присуствувал заменик премиерот во косовската влада, Бранимир Стојановиќ, министерите Љубомир Мариќ и Далибор Јевтиќ, градоначалниците на Штрпце и на Грачаница, Братислав Николиќ и Владета Костиќ, како и директорот на „Трепча“ во северниот дел, Јован Димкиќ.

На средбата не присуствувал координаторот на пратеничката група на „Листа српска“ Славко Симиќ.

По усвојувањето на законот за комбинатот „Трепча“ минатата недела од страна на косовскиот Парламент, без гласовите на „Листа српска“, српските претставници ја бојкотираат работата на сите косовски институции.

Би можело да ве интересира

Ховениер: Косово да ги исполни сите свои обврски

Инцидент во Косовска Митровица, двајца прободени со нож по финален натпревар

Пеќ: Ранети се три лица, по напаѓачот е распишана потерница

Горан Наумовски

Припадничка на косовската полиција е пронајдена мртва во куќа во Гњилане

Непознати лица упаднале и напишале графити во црквата Света Троица кај Пеќ

Приштина тврди дека Србите не ја искористиле можноста да гласаат на референдумот