Ѓул: Нема да си ги замениме функциите со Ердоган

Од:

Турскиот претседател Абдула Ѓул денеска ја исклучи можноста за замена на функциите со премиерот Реџеп Тајип Ердоган, доколку актуелниот прв човек на Владата на изборите во август биде избран за нов шеф на државата.

– Немам никакви политички планови за во иднина во сегашните услови, изјави Ѓул, нагласувајќи дека „за една демократија е неприфатлив моделот Путин-Медведев“.

„Моделот Путин-Медведев“ се однесува на замената на функциите меѓу Владимир Путин и Дмитриј Медведе, кои наизменично се менуваа на должностите претседател и премиер на Русија.

Поголемиот број пратеници од владејачката Партија на правдата и развојот (АКП) вчера со тајно гласање ја поддржаа идејата Ердоган да се кандидира за претседател на Турција на првите директни претседателски избори во август. Досега шефот на турската држава го избираше Парламентот.

Гласањето претставуваше неофицијален тест на внатрепартиската поддршка, но Ердоган сам ќе треба одлучи дали ќе се кандидира за претседател.

Ѓул е близок соработник на актуелниот турски премиер и еден од основачите на АКП, па многумина сметаа дека тој би го заземал премиерското место, доколку Ердоган стане претседател.

Запрашан да ја коментира денешната изјава на Ѓул, Ердоган изјави дека не ја слушнал и дека нема да коментира ништо се додека не разговара со него.

Би можело да ве интересира

Спасени сите кои беа заробени на жичарницата во Анталија

А1он

На протестите во Турција загина маж, четири лица се повредени

Откриена причината за пожарот во ноќен клуб во Истанбул во кој загинаа 29 лица

(ВИДЕО) Голем пожар во Истанбул, најмалку 15 загинати

Горан Наумовски

ЕУ воведе забрана за летови на турската „Саутвинд Ерлајнс“ поради врски со Русија

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Опозицијата во Истанбул со „Јутро је“ ја славеше победата на изборите

Горан Наумовски