Ѓукановиќ заработил милион евра од продажба на акции на банка

Од:

Приватна фирма на црногорскиот премиер Мило Ѓукановиќ „Капитал инвест“ продаде на берзата во Црна Гора 10.466 акции на Прва банка на Црна Гора, заработувајќи од тоа еден милион евра, објави денеска подгоричкиот весник „Вијести“.

Повикувајќи се на извори од локалниот пазар на капитал, весникот пишува дека трансакцијата била извршена вчера, при што за секоја акција Ѓукановиќ добил 12 евра.

Ѓукановиќ поседувал околу 2,5 проценти од акциите на Прва банка, чиј мнозински сопственик е Ацо Ѓукановиќ, брат на премиерот.

Иако продал акции за 25 евра поевтино, отколку што ги купил, Ѓукановиќ не изгубил од акциите на банката, бидејќи во јули 2008 година продал 2.540 акции по неверојатна цена од 610 евра. Тогаш тој призна дека на тој начин го вратил кредитот, што го зел за купување на целиот пакет акции. Тоа значи дека останатите акции биле чист профит и премиерот заработил милион евра, додава „Вијести“.

Би можело да ве интересира

Полициска рација во просториите на црногорската Агенција за сузбивање на корупцијата

Инцидент во Бар: Со нож го нападнал сопствениот брат, уапсен е за обид за убиство

Во престрелка во Црна Гора е убиен 29-годишен маж

Горан Наумовски

По силниот, уште два помали земјотреси ја погодија Црна Гора: „Силно се почувствува во Никшиќ“

Горан Наумовски

Силен земјотрес во Црна Гора

Нов земјотрес e регистриран во Црна Гора