Ѓукановиќ: Својата иднина нема да ја дадеме на Москва

Од:

Црногорскиот премиер Мило Ѓукановиќ, кој учествува на пролетното заседание на Парламентарното собрание на НАТО во Тирана, порача денеска дека официјална Подгорица има традиционално добри односи со Русија, но тоа не значи дека, како што рече тој, својата иднина ќе ја даде на Москва.

–  Ние сакаме да преземеме одговорност за нашата иднина и да бидеме член на Европската унија, одговори црногорскиот премиер на прашањето за економските односи и влијание на Русија на Црна Гора, која неодамна потпиша Протокол за членство на НАТО, за што Русија отворено се спротистави.

Ѓукановиќ рече дека „процесите на интеграција во ЕУ и НАТО се неразделни“, пренесува АТА.

– Црна Гора ќе го продолжи процесот на реформи за да напредува кон европска иднина. Црна Гора е единствена земја каде немаше војна по распаѓањето на поранешна Југославија и сакаме и иднината да ни биде таква, рече Ѓукановиќ.

– Членството на НАТО има големо значење и можам со сигурност да потврдам дека Црна Гора се наоѓа на патот на евро-атлантските структури, а потоа и на патот кон Европска унија.
За Ѓукановиќ НАТО е гаранција за стабилност на Балканот и во земјите од регионот. 

Би можело да ве интересира

Полициска рација во просториите на црногорската Агенција за сузбивање на корупцијата

Инцидент во Бар: Со нож го нападнал сопствениот брат, уапсен е за обид за убиство

Во престрелка во Црна Гора е убиен 29-годишен маж

Горан Наумовски

По силниот, уште два помали земјотреси ја погодија Црна Гора: „Силно се почувствува во Никшиќ“

Горан Наумовски

Силен земјотрес во Црна Гора

Нов земјотрес e регистриран во Црна Гора