Ѓукановиќ отповика неколку амбасадори, меѓу нив и црногорскиот претставник во Белград

Од:

Црногорскиот претседател Мило Ѓукановиќ издаде декрет за отповикување на неколку амбасадори на резидентна и нерезидентна основа, вклучувајќи го и амбасадорот во Белград, Тарзан Милошевиќ.

Иницијативата за повлекување ја покрена Владата, а Ѓукановиќ отпрво одбиваше да го потпише указот.

Како што соопшти неговиот Кабинет, Ѓукановиќ ги отповикал амбасадорите на резидентна основа во Босна и Херцеговина, Србија, Италија, Кина, Германија, Полска, Светата Столица, Суверениот Малтешки Ред и Обединетите Арапски Емирати.

Тој исто така ги отповика амбасадорите на нерезидентна основа во Бахреин, Естонија, Индонезија, Кувајт, Летонија, Литванија, Малта, Република Кореја, Сан Марино и Саудиска Арабија.

Ѓукановиќ ги повика граѓаните врз оваа иницијатива на Владата за повлекување на амбасадорите да проценат дали новото мнозинство се фокусира на создавање професионална дипломатска служба или демонстрира моќ по изборите.

– Според мене, станува збор за реваншизам со кој новата Влада го покажува своето вистинско политичко лице, и на крајот одговорноста кон државата, изјави црногорскиот претседател.

Би можело да ве интересира

Полициска рација во просториите на црногорската Агенција за сузбивање на корупцијата

Инцидент во Бар: Со нож го нападнал сопствениот брат, уапсен е за обид за убиство

Во престрелка во Црна Гора е убиен 29-годишен маж

Горан Наумовски

По силниот, уште два помали земјотреси ја погодија Црна Гора: „Силно се почувствува во Никшиќ“

Горан Наумовски

Силен земјотрес во Црна Гора

Нов земјотрес e регистриран во Црна Гора