Ѓукановиќ: Одлуката за членство во НАТО е од историско значење

Од:

Лидерот на Демократската партија на социјалистите на Црна Гора, Мило Ѓукановиќ, изјави дека одлуката за потврдување на Северноатлантскикот договор е „од најголемо историско значење“ за оваа балканска држава, пренесува Ал Џезира Балкан.

Оваа одлука, што треба да биде донесена на 28 април на Цетиње, ќе биде во согласност со Уставот и законите на Црна Гора и никој нема да може да ја оспори, рече тој за црногорската ТВ „Прва“.

– Убеден сум дека ни обновата на независноста во 2006 година немаше многу да значи доколку не го остваривме членството во НАТО. Најдобар доказ за тоа се соседните земји кои не се во состојба да го дефинираат својот стратешки курс за развој, рече Ѓукановиќ и додаде дека сосема е исправна одлуката за членството на Црна Гора во НАТО да се одлучува во Собранието, бидејќи тоа е во согласност со Уставот.

„Граѓаните одлучија, така што мислам дека е непотребно шпекулирањето за тоа колку пратеници ќе бидат во салата кога за тоа ќе се гласа. Нема никаков сомнеж дека одлуката ќе биде донесена на валиден начин, знаеме како Собранието функционира“, додаде лидерот на ДПС и поранешен претседател и премијер на Црна Гора.

Зборувајќи за делот на опозицијата што е против НАТО, а за членство во Европската Унија, тој кажа тоа е само „невешта камуфлажа на антиевропскиот став“.

Ѓукановиќ додаде дека пред се мисли на лидерите на „таканаречената граѓанска опозиција“.

– Тие се определуваат не за европскиот, туку за рускиот систем на вредности. Немам никакви лоши предрасуди кон Русија, напротив, но немам дилема околу тоа што е поуспешен модел, рече тој.

Би можело да ве интересира

Полициска рација во просториите на црногорската Агенција за сузбивање на корупцијата

Инцидент во Бар: Со нож го нападнал сопствениот брат, уапсен е за обид за убиство

Во престрелка во Црна Гора е убиен 29-годишен маж

Горан Наумовски

По силниот, уште два помали земјотреси ја погодија Црна Гора: „Силно се почувствува во Никшиќ“

Горан Наумовски

Силен земјотрес во Црна Гора

Нов земјотрес e регистриран во Црна Гора