Ѓукановиќ: Немаше злоупотреба на државните ресурси во корист на изборна победа на ДПС

Од:

Црногорскиот премиер и лидер на Демократската партија на социјалистите (ДПС) Мило Ѓукановиќ денеска на сослушувањето пред парламентарниот Анкетен одбор за расветлување на аферата „Снимка“, ги отфрли наводите дека имало злоупотреба на државните ресурси во корист на изборна победа на ДПС.

Аферата „Снимка“ е поврзана за објавувањето на аудио снимки од седниците на органите на ДПС, на кои се зборувало за употреба на државните ресурси во партиски цели, односно вработување по партиска припадност пред одржувањето на минатогодишните парламентарни избори.

– За целиот овој период откако сум претседател на ДПС никогаш не сме ги злоупотребувале државните ресурси за да победиме победиме на избори, истакна Ѓукановиќ.

Тој потенцира дека ДПС победите на избори ги остварувала исклучиво преку демократски средства.

Црногорскиот премиер нагласи дека „Снимка“ е т.н. афера, односно плод на опозициската манипулација, со цел да оствари подобар резултат на претседателските избори кои се одржаа во април.

Анкетниот одбор досега има сослушано повеќе функционери на ДПС, а сите тие ги негираа тврдењата дека при вработувања ги фаворизирале членовите на оваа партија.

Според одлуката за формирање, Анкетниот одбор треба до крајот на овој месец да ја заврши парламентарната истрага за аферата „Снимка“.

Би можело да ве интересира

Полициска рација во просториите на црногорската Агенција за сузбивање на корупцијата

Инцидент во Бар: Со нож го нападнал сопствениот брат, уапсен е за обид за убиство

Во престрелка во Црна Гора е убиен 29-годишен маж

Горан Наумовски

По силниот, уште два помали земјотреси ја погодија Црна Гора: „Силно се почувствува во Никшиќ“

Горан Наумовски

Силен земјотрес во Црна Гора

Нов земјотрес e регистриран во Црна Гора