Ѓукановиќ: Не сум крал Никола

Од:

Црногорскиот премиер Мило Ѓукановиќ изјави дека никогаш не сторил нешто што би било на штета на државата, како и дека поради долгогодишното владеење не треба да го споредуваат со кралот Никола.

Ѓукановиќ синоќа на забелешка на еден од лиерите на Демократскиот фронт Андрија Мандиќ дека владее долго и на ист начин како кралот Никола, ја негираше таа оценка.

– Не сум крал Никола. Не се гледам себе си така. Благодарам за оваа позитивна споредба, но во никој случај не се гледам себе си така, нагласи Ѓукановиќ.

Тој додаде дека мирно спие и оти е горд на се што досега сработил во својата политичка кариера.

– Се што работев во минатото подготвен сум во секое време да го појаснам. Секој го носи својот крст, па и јас. Мирно спијам поради тоа што го правев во корист на Црна Гора. Другите нека се запрашаат дали тие можат мирно да спијат, наведе Ѓукановиќ.

Собранието на Црна Гора ја избра синоќа новата Влада, на чие чело по седми пат е Ѓукановиќ.

Би можело да ве интересира

Полициска рација во просториите на црногорската Агенција за сузбивање на корупцијата

Инцидент во Бар: Со нож го нападнал сопствениот брат, уапсен е за обид за убиство

Во престрелка во Црна Гора е убиен 29-годишен маж

Горан Наумовски

По силниот, уште два помали земјотреси ја погодија Црна Гора: „Силно се почувствува во Никшиќ“

Горан Наумовски

Силен земјотрес во Црна Гора

Нов земјотрес e регистриран во Црна Гора