Ѓукановиќ: На Балканот се уште тлеат жаришта за можни конфликти

Од:

Политиката на отворени врати за прием на нови членки треба да остане срж на НАТО, како еден од најдобрите и најефикасни начини за поддршка на мирот и стабилноста, изјави денеска во Варшава, црногорскиот премиер Мило Ѓулановиќ.    

Според него, како што јавија црногорските медиуми, НАТО не смее да се откаже од идејата за прием во челнство на земјите од Балканот, бидејќи во регионот се уште тлеат жаришта на можни конфликти.
– НАТО реално не може да ја гарантира својата безбедност, само ако се грижи за своите граѓани и територии, туку треба да се насочи и кон справување со предизвиците надвор од неговите граници и да соработува со ОН, ЕУ и со регионалните и другите фактори на меѓународната заедница, изјави Ѓукановиќ, кој во Варшава учествува на Самитот на Алијансата.  

Црна Гора учествува на Средбата на врвот на НАТО во својство на држава која има покана за зачленување во Алијансата. Подгорица ја доби поканата за членство во НАТО лани во декември, а во тек е процесот на ратификација на Протоколот за нејзин прием од страна на земјите членки на Алијансата.

Би можело да ве интересира

Полициска рација во просториите на црногорската Агенција за сузбивање на корупцијата

Инцидент во Бар: Со нож го нападнал сопствениот брат, уапсен е за обид за убиство

Во престрелка во Црна Гора е убиен 29-годишен маж

Горан Наумовски

По силниот, уште два помали земјотреси ја погодија Црна Гора: „Силно се почувствува во Никшиќ“

Горан Наумовски

Силен земјотрес во Црна Гора

Нов земјотрес e регистриран во Црна Гора