Ѓукановиќ: Конференцијата за Западен Балкан ги исполни очекувањата

Од:

Црногорскиот премиер Мило Ѓукановиќ предложи во Берлин дека Европската комисија треба да креира поширок инвестициски пакет за земјите од Западен Балкан, кој ќе помогне за подобро инфраструктурно поврзување внатре во регионот.

Ѓукановиќ истакна дека вчерашната Конференција за Западен Балкан ги исполнила неговите очекувања, а на неа било разговарано за пакет политичко-безбедносни прашања, како и за развој на регионот.

– Во рамки на политичко-безбедносните области беа третирани отворените проблеми кои ги пренесовме во новиот милениум од последните децении на минатиот век, од времето на кризата на територијата на поранешна Југославија, нагласи црногорскиот премиер.

Според него, многу е важно и што на оваа конференција е покажана нова иницијатива на Германија и ЕК во однос на земјите од Западен Балкан, „што придонесува за побрза и поквалитетна интеграција на сите овие држави“.

Би можело да ве интересира

Полициска рација во просториите на црногорската Агенција за сузбивање на корупцијата

Инцидент во Бар: Со нож го нападнал сопствениот брат, уапсен е за обид за убиство

Во престрелка во Црна Гора е убиен 29-годишен маж

Горан Наумовски

По силниот, уште два помали земјотреси ја погодија Црна Гора: „Силно се почувствува во Никшиќ“

Горан Наумовски

Силен земјотрес во Црна Гора

Нов земјотрес e регистриран во Црна Гора