Германски ТВ водител призна дека го монтирал видеото со Варуфакис

Од:

Германски телевизиски водител призна дека го монтирал видео записот, на кој грчкиот министер за финансии Јанис Варуфакис покажува среден прст на неговата земја, јави ДПА.

Во видео запис објавен синоќа на страницата на јавната телевизија Цет Де Еф, Јан Бомерман, насмеан, признава дека навредливиот гест е монтиран од него. Бомерман потоа објаснува како го монтирал видео записот.

Актуелниот грчки министер за финансии е познат по острите позиции кон Грција. Во неделата вечер во политичка емисија на германската телевизија А-Ер-Де, беше објавено видео на кое Варуфакис, кој во тоа време како професор по економија, покажува среден прст на Германија на конференција во Загреб во 2013 година.

Случајот предизвика скандал, што дополнително ги затегна односите меѓу Грција и Германија. Варуфакис категорично ги отфрли ваквите обвнувања, оценувајќи го видеото како фалсификат.

Би можело да ве интересира

Гужва за влез во Грција: На Богородица се чека по еден час

А1он

Двајца Македонци осудени на по пет години затвор во Грција, внесувале фалсификувани лични документи

Грција воведува шестдневна работна недела

ВИДЕО: Уапсени двајца Срби, поранешни членови на „Пинк Пантер“ – оргабувале златарници во Атина

Земјотрес го погоди денеска грчкиот остров Самос

Преспанскиот договор оспорен во предизборието, анализира грчки Катимерини

Александар Тодески