Германија го поздрави напредокот на Црна Гора

Од:

Германскиот шеф на дипломатијата, Гидо Вестервел по средбата со црногорскиот министер за надворешни работи и европска интеграција, Игор Лукшиќ истакна дека Црна Гора постигна добар напредок во преговорите за пристапување во ЕУ, но треба да продолжи со реформи.
Црногорскиот министер е во официјална посета на Германија, а Вестервел смета дека е потребно само да продолжат реформите во независното судство и криминалот.

-Црна Гора преземе важен чекор во патот кон членството во ЕУ. Минатото лето започнаа преговорите за ЕУ, што покажува дека и понатаму силно подржуваме европска перспектива за државите од Западниот Балкан. Германија е подготвена да ја подржи малата држава, во тој пат, на конкретен начин преку соработка со експерти на различни проекти. Треба само да сме сигурни дека ги почитуваат европските стандарди – изјави тој.

Црногорскиот министер наведе дека Црна Гора во поголем дел ја изгради својата преговарачка инфраструктура и дека владата ќе продолжи со изградба на акциски планови за отворање на подглавјето 23 и 24.

Лукшиќ изрази надеж дека германски експерти ќе помогнат акциските планови да бидат квалитетни и ќе овозможат Црна Гора да покаже дека е способна да се носи со сите предизвици во преговарачкиот процес и да добие позитивни оценки и полноправно членство во ЕУ.

Би можело да ве интересира

Полициска рација во просториите на црногорската Агенција за сузбивање на корупцијата

Инцидент во Бар: Со нож го нападнал сопствениот брат, уапсен е за обид за убиство

Во престрелка во Црна Гора е убиен 29-годишен маж

Горан Наумовски

По силниот, уште два помали земјотреси ја погодија Црна Гора: „Силно се почувствува во Никшиќ“

Горан Наумовски

Силен земјотрес во Црна Гора

Нов земјотрес e регистриран во Црна Гора