Германец уапсен во Грција поради шпионажа за Турција

Од:

Германски државјанин е уапсен на грчкиот остров Хиос и осомничен е за шпионажа за Турција, соопшти денеска полицијата.

Уапсениот во полиција рекол дека ја фотографирал касарната и други воени објекти на островот и дека го ангажирале пет лица за кои се верува дека се турски државјани од кои добил 1.500 евра за секоја извршена задача.

Претставник на грчката полиција, кој не сакал да биде именуван, изразил сомнеж дека станува збор за припадници на турските тајни служби и дека во тек е истрага.

Во полициското соопштение се наведува дека уапсениот, германски државјанин (72) во изминативе четири години се наоѓал на островот недалеку од турскиот брег и дека најмалку три години ги фотографирал воените бази.

Уапсен е вчера и ќе се појави пред обвинителот каде ќе се соочи со обвиненија за шпионажа.

Германското Министерство за надворешни работи потврди дека Амбасадата во Атина е запознаена со случајот и дека се обидува да стапи во контакт со уапсениот.

Би можело да ве интересира

Гужва за влез во Грција: На Богородица се чека по еден час

А1он

Двајца Македонци осудени на по пет години затвор во Грција, внесувале фалсификувани лични документи

Грција воведува шестдневна работна недела

ВИДЕО: Уапсени двајца Срби, поранешни членови на „Пинк Пантер“ – оргабувале златарници во Атина

Земјотрес го погоди денеска грчкиот остров Самос

Преспанскиот договор оспорен во предизборието, анализира грчки Катимерини

Александар Тодески