ГЕРБ победи на изборите во Бугарија, Борисов подготвен да го преземе ризикот

Од:

При обработени над 65  проценти од податоците на изборните комисии на вчерашните предвремени парламентарни избори во Бугарија, партијата Граѓани за европски развој на Бугарија (ГЕРБ) на поранешниот бугарски премиер Бојко Борисов освои 32,66 проценти од гласовите, коалицијата предводена од социјалистите – „БСП Лева Бугарија“ добила 15,31 отсто, а Движењето за права и слободи (ДПС) 15,17 отсто, покажуваат податоците на Централната изборна комисија (ЦИК).

Реформаторскиот блок, според овие резултати, освоил 8,35 проценти, коалицијата „Бугарија без цензура“  5,67 отсто, Патриотскиот фронт 7,35 проценти од гласовите, Алтернативата на бугарслкиот равој (АБВ) 4,24 отсто и партијата „Атака“ 4,69 отсто.

„Движењето 21“ освои 1,18 отсто од гласовите, а партијата Глас Народен – 1,10 отсто, информира ЦИК.

Сите останатите партии освоиле под еден процент од гласовите на избирачите.

Откако беше јасно дека неговата десничарска партијја ГЕРБ извојува победа на изборите, Борисов синоќа изјави дека е подготвен да го преземе „секој ризик“ во врска со формирањето влада.

– Во овие околности не гледам како може да се формира влада, рече Борисов, но додаде дека сепак е подготвен да „преземе ризик“ и да ја предводи земјата.

Портпаролот на Бугарската социјалистичка партија (БСП)м Атанас Мерџанов изјави дека е ова тежок пораз за социјалистите и смета дека тоа е резултат на разочараноста на граѓаните.

Според овие проценки, Бугарија најверојатно повторно ќе има коалициска влада. Официјалните резултати од изборите се очекуваат денеска.

Бугарите вчера избираа 240 пратеници на новиот состав на Парламентот меѓу 6.063 кандидати, вклучувајќи ги и оние кои истовремено се кандидираа во две изборни единици, кои беа номинирани од вкупно 56 политички партии.

Ова ќе биде петата бугарска влада во последните две години, во токот на кои земјата се соочи со масовни улични протести и незадоволство.

Заради разочараните граѓани, излезноста на овие избори беше под 50 отсто, најмала за последните 25 години, од кога во Бугарија беше сменет комунистичкиот режим.

Борисов во текот на вчерашниот ден изјави дека изборите се „последната шанса“ за спас на Бугарија и предупреди дека доколку новата влада не биде формирана и повторно се  распишат предвремени избори, нема да остане ништо што би ја одржало земјата.

Би можело да ве интересира

Бугарската амбасада во Албанија донираше во општина Пустец: „Секоја донација без задни намери е добредојдена“

А1он

Бугарија гради база за прием на авиони Ф-16

ВИДЕО: Бугарија повторно има преодна влада, на избори оди на 9 јуни

Романија и Бугарија делумно влегоа во Шенген зоната

Нов земјотрес ја стресе Бугарија

Бугарија оди на нови избори