ГЕРБ ќе го предложи Даниел Митов за нов бугарски премиер

Од:

Лидерот на ГЕРБ и бугарскиот премиер во заминување, Бојко Борисов, денеска ја потврди веста дека неговата партија ќе го номинира б, Даниел Митов, од неговата втора влада во периодот 2014-2017 година за нов бугарски премиер. ГЕРБ тоа ќе го стори за време на консултациите за формирање на новата бугарска Влада.

Борисов веста ја објави во живо на својот Фејсбук профил.

Претходно денеска, Борисов од Велико Трново најави дека ќе предложи друг кандидат за бугарски премиер со „нова јасна ориентација кон Европа и НАТО“. Името на Даниел Митов тогаш се појави во голем број бугарски електронски медиуми.

Борисов и се заблагодари на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, за договорената нова забрзана испорака на 50 милиони дози од вакцината „Фајзер“/ „БиоНТек“, што се очекува да пристигнат во ЕУ во вториот квартал од годината.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Бугарија повторно има преодна влада, на избори оди на 9 јуни

Романија и Бугарија делумно влегоа во Шенген зоната

Нов земјотрес ја стресе Бугарија

Бугарија оди на нови избори

Во Бугарија не е постигнат договор за нова влада

Почина бугарскиот патријарх Неофит