Геополитичките закани и Грција

Од:

Грција треба брзо да излезе од кризата и да застане на свои нозе бидејќи геополитичките случувања околу земјата стануваат се поопасни. Балканот повторно влегува во орбитата на дестабилизација, Турција влегува во фаза на внатрешна криза и е соочена со многу отворени фронтови, пишува во воведната статија грчкиот весник „Катимерини“.

Во написот се посочува дека исламскиот тероризам и брановите на неконтролирана илеглана миграција се реални и големи опасности.

– И сето тоа се случува во момент кога грчката држава не може да ги исполнува основните должности. Неопходно е големо внимание, консензус и воздржување од празни ветувања и закани од страна на владата, додава весникот.

Во написот се вели дека Грција може да има корист од актуелните геополитички закани во смисол да постигне една подобра спогодба со нејзините партнери и кредитори.

Би можело да ве интересира

Гужва за влез во Грција: На Богородица се чека по еден час

А1он

Двајца Македонци осудени на по пет години затвор во Грција, внесувале фалсификувани лични документи

Грција воведува шестдневна работна недела

ВИДЕО: Уапсени двајца Срби, поранешни членови на „Пинк Пантер“ – оргабувале златарници во Атина

Земјотрес го погоди денеска грчкиот остров Самос

Преспанскиот договор оспорен во предизборието, анализира грчки Катимерини

Александар Тодески