Генералот Весли Кларк се надева дека Србија ќе ја следи Црна Гора во НАТО

Од:

Пензионираниот американски генерал Весли Кларк ја повика Србија да го следи примерот на Црна Гора и да го смени својот став кон проширувањето на НАТО.

Во интервју за црногорскиот весник „Дневне новине“, Кларк изјави дека Црна Гора е добар пример на потребата за стабилност на Балканот, надминување на конфликтите и прифаќање на западните цивилизациски вредности.

– Тоа што Црна Гора влезе во НАТО пред да влезе во ЕУ покажува како треба да се движи правилниот тек на работите, дека мора да се постигне стабилност и сигурност пред да се постигне економски раст. Се надевам дека Србија ќе го следи примерот на Црна Гора, и ќе ве следи во вашиот пат, изјави Кларк, кој беше командант на силите на НАТО во Косовската војна во 1999 година.

Црна Гора годинава стана членка на НАТО, додека Србија се изјасни дека не бара членство во Алијансата, туку само соработка.

Би можело да ве интересира

Алаудинов: Ќе го уништиме НАТО до 2030 година

ВИДЕО: Уапсени двајца Срби, поранешни членови на „Пинк Пантер“ – оргабувале златарници во Атина

Земјотрес во Србија

Земјотрес кај Чачак

НАТО соопшти дека не ги гледа условите за поканување на Киев во Алијансата

Австриските власти го екстрадираат во Србија осомничениот за убиството на Нусрет Дестановиќ