Гашиќ: НАТО не ја одобри војската на Косово

Од:

НАТО официјално не го одобри формирањето на т.н. војска на Косово, иако поединечни држави-членки ја признаваат независноста на Косово и ја поддржуват Приштина во процесот на трансформација, изјави српскиот министер за одбрана Братислав Гашиќ.

Гашиќ во изјава за „Блиц“ истакна дека на тоа се противат држави-членки на Алијансата, кои не ја признале независноста на Косово, што е препрека Приштина да развие партнерски односи со НАТО.

– Во овој момент институциите на НАТО имаат советодавна улога и пружаат помош во развивање на способноста во важечкиот мандат на т.н. Косовски сили за безбедност, кои се ограничени на деминирање и помош во вонредни ситуации, изјави српскиот министер.

Според него постојат писмени гаранции дека Косовските сили за безбедност нема да бидат ангажирани на просторот на северно Косово.

– Тие уверувања ги добив од сите официјални претставници на НАТО, со кои имав разговори, но и на билатералните средби со претставници на државите, кои не ја признале еднострано прогласената независност на Косово, рече Гашиќ.

Би можело да ве интересира

Изгласана е новата Влада на Србија на чело со премиерот Милош Вучевиќ

(ВИДЕО) Уапсени 13 лица – мрежа на измамници преку кол центри од Србија украле милион евра од Германци

Анита Петровска Рајковиќ

Вучевиќ: Македонија ќе најде повеќе од партнер во Србија

А1он

Србија ги качи акцизите за гориво, кафе, алкохол

А1он

Вучевиќ ги соопшти имињата на министрите во српската Влада

Земјотрес во Србија