Габриел: Ципрас не го поставува правилно прашањето за референдумот

Од:

Одлуката на грчката Влада за референдум за барањата на кредиторите за воведување построги економски мерки не треба категорично да се отфрла, иако беше мошне важно на избирачите да им се понуди јасна спогодба, за која тие треба да го кажат своето мислење, изјави денеска германскиот заменик-канцелар и министер за економија и енергетика, Зигмар Габриел.

Во интервју за радио Дојчландфунк тој посочи дека референдумот би имал смисла само доколку грчките избирачи добијат можност да гласаат за помошта предложена од Европската унија во замена за реформи.

– А Европа и нуди многу на Грција, додаде тој.

Според Габриел неприфатливо е доколку Ципрас сака ЕУ да му даде 20-30 милијарди евра спасувачки суми без никакви услови.

– Тој треба да го запраша својот народ дали ги сака тие спасувачки фондови, двоцифрена сума во милијарди евра, во замена за определени мерки, кои би и овозможиле на Грција постепено да се соземе, појасни Габриел.

Би можело да ве интересира

Гужва за влез во Грција: На Богородица се чека по еден час

А1он

Двајца Македонци осудени на по пет години затвор во Грција, внесувале фалсификувани лични документи

Грција воведува шестдневна работна недела

ВИДЕО: Уапсени двајца Срби, поранешни членови на „Пинк Пантер“ – оргабувале златарници во Атина

Земјотрес го погоди денеска грчкиот остров Самос

Преспанскиот договор оспорен во предизборието, анализира грчки Катимерини

Александар Тодески