Фуле: Дијалогот со Приштина клуч за ЕУ

Од:

Европскиот комесар за проширување Штефан Фуле на средбата со српскиот претседател томислав Николиќ во Белград кажа дека Европската Унија ја охрабрува Србија да продолжи со реформите на патото кон ЕУ и дека клучен приоритет е „видлид и одржлив напредок во односите со Косово“

Фуле кој е прв висок политичар што разговараше со Николиќ по неговиот избор на таа функција им кажа на новинарите дека постои јасност што се очекува од Србија за почеток на преговорите со ЕУ.

„Со оглед дека Србија сега е кандидат за ЕУ треба јасно да и кажеме што очекуваме од неа“, изјави Фуле.

Тој кажа дека постои амбиција Србија да ги почне преговорите со ЕУ до крај на годината и поради тоа не треба да се губи време.

Тој потсети на петте точки кои Советот на ЕУ кои Србија мора да ги исполни.

„Потребно е да се вложи напор да се реформира судството, да се продолжи борбата против корупцијата, развој на институцијата „омбдусман“ и деловното опкружување“, рече Фуле.

Тој порача дека очекува Србија да ја има главната улога во помирувањето во регионот, а своето присуство во Белград го објасни како поддршка за Николиќ да остане на патот кон ЕУ.

Николиќ од своја страна одговарајќи на новинарски прашања кажа дека во разговорите со Фуле не било спомнато дека Косово е услов за понатамошен напредок на Србија кон ЕУ.

Тој изјави дека досега никој нема кажано дека признавањето на Косово е услов за натамошно пристапување во унијата.

„Зборувавме за процесот на преговори меѓу Белград и Приштина кои треба да не доведат во ситуација тој проблем да го решиме“ рече Николиќ и потенцираше дека со преговорите треба да се реши проблемот на начин прифатлив на двете страни.

Би можело да ве интересира

Приштина тврди дека Србите не ја искористиле можноста да гласаат на референдумот

Во Косово приведен македонски државјанин по кого е распишана меѓународна потерница заради тешко убиство

Орце Костов

Македонија ќе поддржи резолуција за геноцид во Сребреница

Орце Костов

Германија испраќа дополнителни војници во Косово

Горан Наумовски

Уапсен Србин на Косово: Обвинет е за воени злосторства

Горан Наумовски

23-годишна Украинка пронајдена мртва на автопатот „Арбен Џафери“ во Косово

Катерина Ѓуровски