Фрлена црвена боја, запалена вратата од зградата на ЕУ во Софија: Демонстрантите создаваат хаос поради воведувањето на еврото

Од:

Неколку илјади приврзаници на бугарската ултранационалистичка партија Препород денеска се судрија со полицијата додека се обидуваа да упаднат во зградата на Европската унија во Софија за време на протестот против плановите на земјата да го воведе еврото следната година.

Антивладините демонстранти фрлаа црвена боја, петарди и молотови коктели врз зградата на ЕУ во главниот град Софија, а потоа извикуваа „Оставка“ и „Не за еврото“. Подоцна ја запалиле влезната врата.

Според висок полициски функционер, полесно се повредени 10 полицајци, а шест лица се приведени.

Бугарската влада го осуди нападот врз зградите на ЕУ, наведувајќи во соопштение дека таквите напади се „неприфатливи и спротивни на принципите на владеењето на правото“.

Некои од демонстрантите вееја знамиња на Бугарија, Советскиот Сојуз или Источна Германија, додека други носеа плакати на кои пишуваше „Ние не го сакаме еврото“.

„Не сакаме да се уништи финансиската независност на Бугарија. Сакаме да го задржиме бугарскиот лев“, изјави за медиумите Костадин Костадинов, претседател на партијата „Препород“.

Новата бугарска влада, одобрена минатиот месец по предвремените избори во октомври, ја потврди посветеноста на земјата за приклучување кон еврозоната следната година.

Бугарите се поделени околу воведувањето на еврото, со многумина загрижени дека тоа ќе предизвика вртоглаво скок на цените како она што се случи во Хрватска во 2023 година.

Економистите велат дека Бугарија, најсиромашната земја во ЕУ каде левот долго време е врзано за еврото, ќе привлече повеќе странски инвестиции доколку ја усвои единствената валута и обезбеди подобрување на нејзиниот кредитен рејтинг што би можело да ги намали трошоците за финансирање на нејзиниот долг.

Би можело да ве интересира

Литванија и Латвија му забранија на Вучиќ да лета за Москва

Работниците од целиот свет ги побараа своите права за Први мај

Земјотрес во Бугарија

ВИДЕО: СИПА се обиде да го приведе Додик во источно Сараево, се спротивстави полицијата на Српска

Предраг Петровиќ

Земјотрес во Црна Гора: „Добро се тресеше“

Вучиќ и покрај заканите од ЕУ ќе оди во Москва: Не ја менувам одлуката