ВИДЕО: СИПА се обиде да го приведе Додик во источно Сараево, се спротивстави полицијата на Српска

Од:

СИПА пристигнала во Административниот центар на Владата на РС во источно Сараево, каде во моментов е сместен претседателот на РС Милорад Додик.

Како што е потврдено за босанските медиуми, членовите на СИПА се обиделе да го приведат Додик. На ова се спротивставија припадниците на Министерството за внатрешни работи на Република Српска.

Познато е дека судот на БиХ претходно распиша централна потерница за Додик, како и за премиерот на Српска Радован Вишковиќ и претседателот на Собранието, Ненад Стевандиќ.

Додик претходно пристигна во Административниот центар на Владата на РС во Источно Сараево, каде вечерва ќе оствари средба со градоначалникот и раководителите на општините кои го сочинуваат градот Источно Сараево.

Претходно во текот на денот Додик престојуваше во Шековиќи каде во 16 часот. присуствуваше на состанокот во врска со почетокот на гасификацијата на источниот дел на Република Српска. Таа средба се одржа во општинската зграда, како што претходно соопштија од Кабинетот на претседателот на РС.

Би можело да ве интересира

Додик: Србите не се добредојдени во Сараево

Горан Наумовски

Додик: Дејтон е урнат, останаа само урнатините

Ќерката на шефицата на кабинетот на Белата куќа фотографирана со пушка во Република Српска

Нетанјаху: „Му честитам на мојот голем пријател Милорад Додик“

Шмит предупредува: „Следната година нè очекуваат обиди на Додик за поделба на БиХ, бараме алатки за реакција“

Обложувалниците ги објавија квотите за премиер на Србија: Вучиќ апсолутен фаворит

Предраг Петровиќ