Фрлена бомба во двор на новинар на „Вијести“

Од:

Непознати лица фрлиле експлозивна направа во дворот на семејната куќа на новинарот на „Вијести“ Туфик Софтиќ во Бeране.

Инцидентот се случил синоќа околу 22 часот. Софтиќ изјави дека кога експлодирала бомбата тој во домот бил заедно со сопругата и децата.

– Целото семејство е вознемирено од експлозијата што беше толку силна, изјави Софтиќ, додавајќи дека неговиот автомобил не е оштетен, поради што инспекторите се сомневаат дека е фрлена шок бомба.

Семејната куќа на Софтиќ е на 200 метри оддалеченост од центарот на Беране.

– Што се однесува до мене, jас како и пред нападот константно во „Вијести“ и во „Mонитор“ пишувам за криминалот и криминалците, посочи Софтиќ.

Toj тврди оти не добивал закани, како и дека не се откриени сторителите кои пред извесен период брутално го претепале.

Би можело да ве интересира

Полициска рација во просториите на црногорската Агенција за сузбивање на корупцијата

Инцидент во Бар: Со нож го нападнал сопствениот брат, уапсен е за обид за убиство

Во престрелка во Црна Гора е убиен 29-годишен маж

Горан Наумовски

По силниот, уште два помали земјотреси ја погодија Црна Гора: „Силно се почувствува во Никшиќ“

Горан Наумовски

Силен земјотрес во Црна Гора

Нов земјотрес e регистриран во Црна Гора