ФОТО: Во Загреб митинг на солидарност со турските демонстранти

Од:

Членови на 27 хрватски организации за заштита на човековите права денеска се собраа пред Амбасадата на Турција во Загреб, за да изразат солидарност со турските демонстранти.

hrvatistan (3)

Митингот беше под наслов „Еден свет, една борба – Хрватска е солидарна со турските граѓани“. Учесниците изразија загриженост од порастот на репресии во Турција и од бруталноста на полицијата врз активистите во Истанбул, кои веќе шест денови протестираат за заштита на парк на плоштадот Таксим во Истанбул, но протести има и во други турски градови.

hrvatistan (5)

Организаторите на митингот се обидоа да достават писмо со поддршка, но од Амбасадата им беше одговорено дека треба да го испратат по пошта.

hrvatistan (4)

Би можело да ве интересира

Хрватска доби нова влада, Пленковиќ по трет пат стана премиер

Несреќа во Хрватска, загинаа четворица мигранти

Горан Наумовски

ВИДЕО: Над 20 бродови изгореа во големиот пожар во пристаништето Медулин

Во каменолом во Хрватска несреќно загина работник

19 ранети граѓани на Украинa пристигнаа на лекување во Хрватска со авион

(ВИДЕО) Фантастично: Хрватската песна на Евросонг со знаковен јазик