ФОТО: Во Истанбул протест на бремени жени

Од:

Бремени жени и нивните сопрузи синоќа протестираа во Истанбул против изјавата на турскиот адвокат Јомер Тугру Инанчер, кој изјави дека е неморално бремени жени да се појавуваат на јавни места.

Инанчер во програма на турската државна телевизија ТРТ изјави дека бременоста е спротивна на турската култура. Тој наведе дека бремените жени не треба да се шетаат по улица со големи стомаци.

bremeniIstanbul

– Прво тоа не е естетски, идните мајки по седмиот или осмиот месец на бременоста треба да бидат изведувани од сопрузите со автомобил, за да подишат чист воздух и тие треба да излегуваат навечер, посочи Инанчер.

Неговата изјава предизвика низа реакции на Твитер и повици за демонстрации.

Портпаролката на Партијата на зелените и левичарската иднина Надире Ѓул за ставовите на Иначер ја обвини владејачката Партија на правдата и развојот.

bremeniIstanbul1

– Тој начин на мислење, кој си дозволува да ни диктира колку деца треба да имаме, како треба да ги раѓање, дали можеме да направиме абортус и каде можеме да одиме повторно е олицетворен од Иначер на ТРТ. Во тоа ние ја препознаваме политиката за жената на АКП. И ние сме против тоа. Бременоста не е срамна, посочи Ѓул.

Дирекцијата за религиозни прашања во Турција изјави дека исламот не бара изолација на жените и оти мајчинството е подарок. Но, во исто време ги повика бремените жени скромно да се облекуваат и да не го покажуваат стомакот или грбот.

Би можело да ве интересира

Спасени сите кои беа заробени на жичарницата во Анталија

А1он

На протестите во Турција загина маж, четири лица се повредени

Откриена причината за пожарот во ноќен клуб во Истанбул во кој загинаа 29 лица

(ВИДЕО) Голем пожар во Истанбул, најмалку 15 загинати

Горан Наумовски

ЕУ воведе забрана за летови на турската „Саутвинд Ерлајнс“ поради врски со Русија

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Опозицијата во Истанбул со „Јутро је“ ја славеше победата на изборите

Горан Наумовски