ФОТО: Протести во Подгорица против резултатите од претседателските избор

Од:

Над пет илјади приврзаници на претседателскиот кандидат Миодраг Лекиќ денеска излегоа на протест во црногорскиот главен град Подгорица барајќи поништување на изборите од 7 април и распишување нови претседателски избори во земјата, јави Танјуг.

Демонстрантите скандираа „Крадци“ и носеа антивладини транспаренти.

Протестот се одржа пред претседателството во центарот на Подгорица под голема полициска заштита.

Демонстрантите носеа транспаренти „Лекиќ-нов претседател“, „Одбрана на нашата победа, одбрана на Црна Гора“ и „Ние не сакаме окови“.

Според податоците на изборниот штаб на Миодраг Лекиќ тој на изборите добил 50,5 проценти од гласовите, додека за досегашниот претседател Филип Вујановиќ гласале 49,5 отсто.

Државната изборна комисија објави дека Вујановиќ добил 51,21 процент од гласовите, а за независниот кандидат Миодраг Лекиќ гласале 48,79 отсто од гласачите.

Организатор на протестите е Демократскиот фронт, предводен од Лекиќ во соработка со опозициската Социјалистичка народна партија и Позитивна Црна Гора.

Би можело да ве интересира

Полициска рација во просториите на црногорската Агенција за сузбивање на корупцијата

Инцидент во Бар: Со нож го нападнал сопствениот брат, уапсен е за обид за убиство

Во престрелка во Црна Гора е убиен 29-годишен маж

Горан Наумовски

По силниот, уште два помали земјотреси ја погодија Црна Гора: „Силно се почувствува во Никшиќ“

Горан Наумовски

Силен земјотрес во Црна Гора

Нов земјотрес e регистриран во Црна Гора