Формирањето на Специјалниот суд не се стави на дневен ред за седницата на косовскиот парламент за четврток

Од:

Претседателството на Парламентот на Косово не ги стави на дневен ред амандамните за измени во Уставот кои се однесуваат на формирањето Специјален суд, а кои се очекуваше да бидат на дневен ред на седницата закажана за во четврток.

Како што претходно најави координаторот на пратеничката група на Демократската партија на Косово, Адем Грабовци, на вчерашната попладневна седница на Претседателството требаше да се одлучи на дневен ред на следната седница на Парламентот да бидат амандманите како и трошоците предвидени за работа на Специјалниот суд.

На место тоа, на седница на парламентот меѓу другото ќе биде интерпелацијата за шефот на косовската дипломатија Хашим Тачи поднесена од пратеничката група на Движењето „Самоопределување“.

Како што јави електронското издание на приштинскиот весник „Експрес“, спикерот на косовскиот парламент, Кадри Весели, изјавил дека Владата на Косово се уште го немала доставено Предлог-законот за Специјалниот суд, кој требало да биде усвоен истиот ден кога и амандманите за измени на Уставот, прдложени од владата.

Според него Предлог-законот е резултат на разговорите на косовската влада и ЕУ во Брисел, но кој се уште не ја добил финалната верзија.

Би можело да ве интересира

Припадничка на косовската полиција е пронајдена мртва во куќа во Гњилане

Непознати лица упаднале и напишале графити во црквата Света Троица кај Пеќ

Приштина тврди дека Србите не ја искористиле можноста да гласаат на референдумот

Во Косово приведен македонски државјанин по кого е распишана меѓународна потерница заради тешко убиство

Орце Костов

Македонија ќе поддржи резолуција за геноцид во Сребреница

Орце Костов

Германија испраќа дополнителни војници во Косово

Горан Наумовски