Формирана коалицијата меѓу ПДК и ЛДК, Мустафа премиер, Тачи вицепремиер

Од:

Лидерите на Демократската партија на Косово (ПДК) Хашим Тачи и на Демократскиот сојуз на Косово (ЛДК) Иса Мустафа денеска во Приштина го потпишаа договорот за коалиција, со кој е предвидено Мустафа да биде новиот премиер на Косово, а Тачи вицепремиер и министер за надворешни работи.

По потпишувањето на договорот Тачи изјави дека приоритети на коалицијата ќе бидат економскиот развој на земјата, борбата против корупцијата и организираниот криминал и борбата против тероризмот.

Тој вети дека оваа коалиција ќе создаде услови за делување на опозицијата и сите сегменти во општеството.

Мустафа истакна дека коалицијата ќе работи за доброто на Косово и решавање на проблемите со кои се соочува земјата на патот на евроинтеграциите.

За денеска на пладне е закажана конститутивна седница на косовскиот Парламент, на која ќе биде избран претседател и раководството на Собранието.

Би можело да ве интересира

Ховениер: Косово да ги исполни сите свои обврски

Инцидент во Косовска Митровица, двајца прободени со нож по финален натпревар

Пеќ: Ранети се три лица, по напаѓачот е распишана потерница

Горан Наумовски

Припадничка на косовската полиција е пронајдена мртва во куќа во Гњилане

Непознати лица упаднале и напишале графити во црквата Света Троица кај Пеќ

Приштина тврди дека Србите не ја искористиле можноста да гласаат на референдумот