„Форбс“: Бугарската „Игра на тронови“

Од:

Во последниот напис се шегував дека бугарската банкарска криза наликува на „Игра на тронови“, но судејќи според реакцијата на многу поголеми познавачи на приликите од мене, изледа сум била во право. Бугарските олиграси се борат за политичката и финансиската власт, создавајќи и уривајќи сојузи, упатувајќи си обвинувања едни на други и тоа е битка за живот или смрт, пишува Франсис Колопа, во текст објавен на сајтот на американското списание „Форбс“.

Таа ги наведува главните актери во случувањата: сопственикот на „Корпоративната трговска банка“, Цветан Василев и политичарот и медиумскиот магнат Делјан Пеевски.

– За да се разбере што всушност се случува, човек треба да нурне во темниот свет на бугарската политика, коментира таа.

Копола говори за испреплетени политички и економски интереси и за тоа дека кризата е поврзана со проектот „Јужен поток“.

Повикувајќи се на извор близок до Василев таа вели дека влоговите се всушност многу повисоки – целта била анонимни олигарси да дојдат до парите од ЕУ за регионален развој, наменети за Бугарија.

– Како во „Играта на тронови“ се во таа сторија е поврзано со пари и власт. Политичарите се марионети на олигарсите, а олигарсите се контролирани од мафијашите, банките се пиони во играта, а Бугарите плаќаат за корупцијата на политичкиот систем преку стагнација и крајна сиромаштија, пишува авторката.

Таа сепак посочува дека настаните имаат и друга димензија и ја спомена неодамнешната изјава на поранешниот германски вицеканцелар Јошка Фишер пред Европската асоцијација за ризичен капитал.

Фишер предупреди дека рускиот претседател има свои амбиции во регионот и оти земјите од ЕУ треба да се обединат, за да се заштитат од „руската мечка“.

– Бугарија, како и Украина е поделена на проевропски и проруски струи, но за разлика од Украина, Бугарија е членка на ЕУ и широкото руско влијание во Бугарија може да ја дестабилизира источната граница на ЕУ, изјави Копола.

Би можело да ве интересира

Бугарската амбасада во Албанија донираше во општина Пустец: „Секоја донација без задни намери е добредојдена“

А1он

Бугарија гради база за прием на авиони Ф-16

ВИДЕО: Бугарија повторно има преодна влада, на избори оди на 9 јуни

Романија и Бугарија делумно влегоа во Шенген зоната

Нов земјотрес ја стресе Бугарија

Бугарија оди на нови избори