Филе во Грција

Од:

Еврокомесарот Штефан Филе денеска во Атина ќе се сретне со грчкиот министер за надворешни работи Димитрис Аврамопулос.

За време на престојот во Атина, еврокомесарот ќе има и одвоени средби со премиерот Андонис Самарас, како и со заменикот министер за надворешни работи Димитрис Куркулас.

Филе оди во Атина само две недели по неговите средби во Скопје со македонскиот државен врв. При посетата на Македонија, Филе изјави оти очекува извештајот на Европската комисија за напредокот на Македонија да биде позитивен, имајќи предвид дека земјата направила многу во процесот на спроведување на обврските преземени со високиот пристапен дијалог.

Тогаш грчките медиуми најмногу ја цитираа неговата изјава дека „Македонија треба да остане посветена на подобрување на односите со сите соседи“ истакнувајќи го отвореното прашање за уставното име на Република Македонија.

Би можело да ве интересира

Гужва за влез во Грција: На Богородица се чека по еден час

А1он

Двајца Македонци осудени на по пет години затвор во Грција, внесувале фалсификувани лични документи

Грција воведува шестдневна работна недела

ВИДЕО: Уапсени двајца Срби, поранешни членови на „Пинк Пантер“ – оргабувале златарници во Атина

Земјотрес го погоди денеска грчкиот остров Самос

Преспанскиот договор оспорен во предизборието, анализира грчки Катимерини

Александар Тодески