Филе: Се зголемуваат предизвиците пред Црна Гора

Од:

Европскиот комесар за проширување Штефан Филе изјави дека во Црна Гора се зголемуваат предизвиците на политичката сцена и дека време е да почнат да се решаваат.

Филе во Брисел се сретна со претседателот на црногорскиот парламент Ранко Кривокапиќ со кого, како пренесуваат денешните подгорички медиуми, разговарал за владеењето на правото, расветлувањето на аферата „Снимка“ , плановите за преговарачките поглавја 23 и 24, како и за пристапувањето на државите на регионот во ЕУ.

Филе, како се наведува, укажал дека главни предизвици со кои се соочува Црна Гора се падот на довербата на граѓаните во државните институции, заостанување во реформите, засилување на владеењето на правото и адекватен правосуден и политички расплет на аферата „Снимка“.

Тој кажа дека Европската комисија забележала дека многу пати ги замолила црногорските власти да спроведат целосна истрага во врска со оваа афера, но во врска со тоа ништо не било преземено.

Филе наведе дека натамошниот напредок на Црна Гора во преговорите бара усвојување на уставните амандмани со цел да се засили независноста и одговорноста на правосудството во согласност со препораките на Венецијанската комисија.

Би можело да ве интересира

Полициска рација во просториите на црногорската Агенција за сузбивање на корупцијата

Инцидент во Бар: Со нож го нападнал сопствениот брат, уапсен е за обид за убиство

Во престрелка во Црна Гора е убиен 29-годишен маж

Горан Наумовски

По силниот, уште два помали земјотреси ја погодија Црна Гора: „Силно се почувствува во Никшиќ“

Горан Наумовски

Силен земјотрес во Црна Гора

Нов земјотрес e регистриран во Црна Гора