Филе: Проширувањето продолжува

Од:

Еврокомесарот за проширување Штефан Филе оцени дека годишниот извештај за напредокот на кандидатите и потенцијалните кандидати за членство во Европската унија, кој ќе биде претставен утре е одбележан со влезот на Хрватска во ЕУ, како и со продолжението на проширувањето на Унијата.

– Мораме со нешто да ја заслужиме таа Нобелова награда за мир. Второ проширувањето продолжува и покрај финансиската криза. Продолжува не по инерција, туку поради продлабочување на интеграцијата, истакна Филе во видео изјавата, објавена на официјалниот сајт на Унијата.

Филе додаде дека приоритет се и владеењето на правото и борбата против корупцијата, но важни се и економските прашања на државите кандидатки и потенцијалните кандидати за членство во Унијата, со цел тие целосно да бидат подготвени за придружување.

Тој истакна дека ЕК и натаму е „најдобриот пријател и приврзаник“ на државите кандидати и на потенцијалните кандидати на нивниот пат кон членство во Унијата.

Би можело да ве интересира

Koшта: ЕУ мора да биде вклучена во преговорите со Русија за завршување на војната во Украина

Ројтерс: ЕУ ќе му каже на Израел дека го поддржува враќањето на Палестинците во Појасот Газа

Трамп ги вклучи сите аларми во Европа: Макрон повика на итен состанок на лидерите на ЕУ во Париз

ЕУ: Попуштањето на Русија и пред преговори не е добра тактика

Калас: Кина ќе се смее на трговската војна меѓу САД и ЕУ

(ВИДЕО) Трговска војна со Канада и Мексико, Трамп потврди царини и за ЕУ, ја обвини Јужна Африка за расизам

Катерина Ѓуровски