Филе најави амбициозен план за прием на земјите од Западен Балкан во ЕУ

Од:

 Еврокомесарот за проширување Штефан Филе за време на денешната дебата во Европскиот парламент посочи дека Европската комисија заедно со Советот на министри на ЕУ во првата половина на оваа година ќе подготват „амбциозна“ програма за проширување на ЕУ, јави дописникот на МИА од Брисел.

На расправата во Европарламентот, што ја организираа социјалистите со цел да се разгледаат социјалните последици од европската криза врз процесот на проширување, учествуваа и претставници на земјите од Западен Балкан.

Притоа, Филе посочи дека во рамки на фондот „Рамка за инвестиции“ на Комисијата би се обезбедиле средства за земјите од Западен Балкан, меѓу кои и за Македонија, со кои ќе се градат енергетски капацитети и транспортна инфарструктура и ќе се инвестира во социјалниот сектор.

– Од голема корист за земјите од Западен Балкан ќе биде и засилувањето на Договорот за слободна трговија во Срена Европа (ЦЕФТА), кој може да се продлабочи и прошири со либерализација на услужниот сектор и со подобрување на условите за странски инвестиции. Тоа Европската комисија го најави во Стратегијата за проширување од октомври 2012 година, а беше прифатено и од страна на Европскиот совет, истакна Филе, додавајќи дека во истата стратегија е предвиден и дијалог за вработување и социјални реформи во земјите од од регион, кои имаат за цел членство во Унијата.

Според Филе, овој дијалог има за цел програма за отворање на работни места и социјални реформи, со практички чекори за нивно остварување.

Филе оцени дека економската криза во ЕУ предизвика сериозни последици по земјите од Западен Балкан, каде е присутно слабо владеење на правото, високо ниво на „сива економија“ и голем процент на невработеност.

Еврокомесарот беше дециден дека Комисијата е подготвена да им помогне на властите во регионот за економското зајакнување, повторувајќи дека политиката кон новите членки на ЕУ е според нови строги услови, како опфаќаат владеење на правото и сузбивање на корупцијата и организираниот криминал.

– Многу се говори за замор од проширување кај земјите-членки, а државите кои сакаат членство во ЕУ делуваат како да се веќе заморени од реформи. Владите во овие земји се повеќе ги ставаат домашните потреби пред задачите во однос на подготовките за члество во Унијата, потенцираше еврокомесарот за проширување Штефан Филе.

Би можело да ве интересира

Како Влада сме спремни за суштински дијалог со Бугарија, вели Муртезани

Одбиено барањето на Унагарија и Словачка за санкциите кон Лукоил

Влезот во ЕУ ќе се наплаќа 7 евра: Нови правила и крај на слободниот премин

Стано: ЕУ размислува да ја прекине финансиската помош за Грузија поради законот за странски агенти

ЕУ ја предупреди Унгарија: „Вашиот потег е безбедносна закана“

ЕУ подготвува трговска стратегија во случај Трамп да победи на изборите во САД

Горан Наумовски