Филе: Да се решат сите забелешки за регуларноста на изборите во Црна Гора

Од:

Сите забелешки за регуларноста на претседателските избори во Црна Гора мораат да се земат предвид, а изборните резултати мораат да бидат недвосмислено јасни, изјави еврокомесарот за проширување Штефан Филе на седница на Европскиот парламент во Стразбур.

Тој, како што пишува подгоричкиот весник „Вијести“ истакна дека е уверен оти политичките лидери ќе ја преземат одговорноста за јакнење на институциите и довербата во нив, како и нивно ослободување од секакво влијание.

Во говорот пред европските пратеници Филе констатираше „сјаен напредок“ на Црна Гора на патот кон ЕУ, но наведе и четири предизвици, кои стојат пред земјата.

Напредувањето на Црна Гора кон Брисел првенствено зависи од реформите во областа на правосудството, борбата против организираниот криминал и корупцијата, како и реформа на администрацијата.

Би можело да ве интересира

Полициска рација во просториите на црногорската Агенција за сузбивање на корупцијата

Инцидент во Бар: Со нож го нападнал сопствениот брат, уапсен е за обид за убиство

Во престрелка во Црна Гора е убиен 29-годишен маж

Горан Наумовски

По силниот, уште два помали земјотреси ја погодија Црна Гора: „Силно се почувствува во Никшиќ“

Горан Наумовски

Силен земјотрес во Црна Гора

Нов земјотрес e регистриран во Црна Гора